„Шарли Ебдо“ го претстави Путин како мајмун со микропeниc и нуклеарно копче

Со инвазијата во Украина, рускиот претседател Владимир Путин заработи насловна страна во денешното издание на „Шарли Ебдо“ – францускиот сатиричен магазин познат по бестрашните и навредливи карикатури со кои, меѓу другото, често ги коментира светските настани.

На карикатурата, Путин е прикажан со тело и глава на мајмун застанат на четири нозе (читај: нееволуиран), со микpoпениc и под него црвено копче за активација на нуклеарно оружје, со тоа алудирајќи дека рускиот претседател „cвpшува“ на фактот што располага со нуклеарна моќ, бидејќи така компензира за својот… недостаток.

Под карикатурата пишува „На пат кон 21 век“, алудирајќи, повторно, дека Путин уште не стигнал таму.

Иако голем број од коментарите се придружуваат на навредите, има и такви што покрај тоа што потенцираат дека не се на ничија страна, сметаат дека карикатурата е „одвратна“, не е воопшто смешна, но и дека само ја ескалира состојбата. Очекувано, има и такви што изразуваат целосна поддршка за Путин/Русија.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -