Серискиот Alfa Romeo 4C ќе има 240 „коњи“

Очекуваната со огромен интерес, сериска верзија на спортската Alfa Romeo 4C, ќе располага со четирицилиндерски 1,75 литарски мотор со моќност од 240 КЅ. Ова го соопштија повеќе медиуми, врз база на информациите од оние кои присуствувале на затворена за надворешни лица, интерна презентација на моделот.

Досега се тврдеше дека машината може да има честцилиндерски мотор со моќност од околу 300 КЅ. Според најновите информации од спортското купе ќе бидат пуштени во производство 2000 парчиња, а меѓу нив ќе има уште две верзии на моделот – Racing и Stradale. Тие ќе се потпираат на истиот 1.75 литарски турбо-мотор, но моќноста ќе им биде поголема – 270 КЅ. Прикажаниот, пред две години, прототип Alfa Romeo 4C беше со мотор со моќност од 200 КЅ, кој работеше во спрега со роботизиран менувач со двојна кохезија.

112

На сериската верзија, која е малку повеќе доработена има доста промени, но една од најважните е што автомобилот е сеге мошне лесен – 850 kg. Тоа е постигнато благодарение на употребата на плексиглас во каросеријата и челик со висок степен на јакост во шасијата. Така односот на маса – моќност е 3.5 кг на коњска сила.

Се очекува премиерата на моделот да се одржи на салонот во Женева. Веќе се знае цената, околу 56.000 евра, што ќе им овозможи на Alfa Romeo 4C да му конкурира на Porsche Cayman (верзијата со моќност 275 КЅ), кој започнува од 57.500 евра

113

 

- Реклама -