Компанијата Continental има развиено уникатен на допир дисплеј со релјефна површина, што ќе им помогне на возачот да не го одделува погледот од патот, кога бара нешто низ екранот на инфотеимент системот.
Сегашните сензорни дисплеи се многу практични и ја заменуваат преоптеретената со копчиња инструментална табла. Но, за да допреш некоја од иконите, не ретко, треба да ја видиш каде е, а тоа значи пренасочување на погледот од патот пред автомобилот. Тоа е опасно и може да стане причина за несреќа.
Во новината на Continental под слоевите на екранот се наоѓаат електромагнетни активатори кои реагираат на допир на прстите и го прават екранот на ова место конвексен. Испакнувањето надвор од рамнината на екранот е само 0,1 милиметр, но брзината на формирањето му е многу висока. Ова му овозможува на возачот без да гледа да притиска една или друга икона на екранот.
Новиот дисплеј е со ширина 20,3 cm и плановите на компанијата Continental е лансирање на уникатниот екран Haptic Feedback во сериско производство во 2017 година.