SEMA 2016: Сериозен настап на BMW во Лас Вегас

BMW на SEMA презентира сеопфатен спектар на предлози на новите M Performance компоненти и оригинални додатоци.

bmw

На саемот се претставуваат BMW M2 како Safety Car, BMW M3, BMW X5, како и BMW 340i во Alpine White боја на екстериерот со мноштво M Performance делови. За време на SEMA 2016 BMW iPerfomance ја има и премиерата на BMW 740e xDrive iPerformance во боја BMW Individual Frozen Black Metallic и мноштво M Performance компоненти.

Презентацијата на SEMA Show има особено значење за BMW Group во многу сегменти. Светската слава на компанијата како иноватор и трендсетер во областа на тјунингот и индивидуализација, беа особено апострофирани за време на конференцијата каде што беше претставена широката палета на BMW M Performance делови, кои помагаат не само за зголемување на силата и оптимизирање на управувањето на возилото, но исто така го зголемуваат чувството на уникатен и различен изглед на BMW моделите.

Во последната година продажбата и прометот во САД се зголеми за над 20% во споредба со германскиот пазар, кој е втор по обрт во светот.

Автоплус

- Реклама -