Селфито што кошташе изложба и 200.000 долари (видео)

Од сите можни селфиња и лични фотографии на планетава, најдобри се тие при кои во потрагата по совршениот агол настрадуваат скапи уметнички дела.

Една од најновите жртви е изложбата на Сајмон Бирч која моментално е во тек во Лос Анџелес. Порано месецов, местејќи се за слика, една посетителка удри и преврте еден од експонатите, а тоа предизвика домино ефект, буквално. На крајот настрада целиот ред, а штетата се проценува на 200.000 долари. Три скулптури биле „трајно оштетени“.

И најдоброто од сé, сето ова го имаме видео:

 

Прочитајте и:  Оливер Мусовиќ во Регенсбург - Trn.mk
- Реклама -