
Македонија е во групата 8, заедно со националните репрезентации со Шведска, Грција и Луксембург.
Прв противник во квалификациите е селекцијата на Луксембург. Натпреварот ќе се игра во среда, со почеток во 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“, додека четири дена подоцна Македонија ќе гостуваме кај Грција.
Селекторот Кирил Лазаров ќе ги прозива репрезентативците во хотелот „Александар Палас“ во 14:30 часот.
Првиот ден нашиот селектор нема да ги има на располагање ракометарите на Вардар и Е.Пелистер, кои денеска ќе играат дерби-натпревар.
Новитет во нашата репрезентација е Дмитро Хориха, кој доби дозвола да игра во „црвено-жолтиот“ дрес. Тој ќе биде дел од овие квалификации, бидејќи се најде на скратениот список на Лазаров.
Македонија има девет учества на Европските првенства, од кои осум последователни, што значи дека нашиот национален тим и селекторот Кирил Лазаров го „брка“ десеттото континентално натпреварување во својата историја.
Извор: Нетпрес



