Села до Мицкоски: Албанскиот јазик е повеќе од 8 илјади години во оваа земја, а вие ни седмина од тоа – опаметете се и не го чепкајте

Зијадин Села од Алијанса за Албанците се огласи по изјавата на премиерот, кој посочи дека во среда на седницата на Уставниот суд ништо нема да се случи со албанскиот јазик и дека ДУИ го злоупотребува ова прашање и Албанците за да создава етнички тензии и да остане релевантна. Села, меѓутоа, смета поинаку.

„Кога сме на тема јазикот, долго време се најавуваше дека нема да му се наштети на албанскиот јазик, само три члена од законот се тие што ќе се отстранат. И излезе вистината, дека целиот Закон за употреба на јазиците е доведен во прашање. Тие рекоа дека овие прашања за албанскиот јазик се додека се таму нема да се чепка албанскиот јазик, но од друга страна преку уставните судии беше соопштено дека целиот закон е доведен во прашање, а не само три члена.

И кога сме на оваа тема велат дека Уставниот суд е тој што го прави ова, но излезе вистината дека иницијативата за укинување на законот за употреба на  јазиците била на ВМРО-ДПМНЕ и ние ова го знаеме и сме го објавиле на јавноста“, тврди лидерот на Алијанса за Албанците.

Прочитајте и:  Владата потпиша Договор со швајцарската „ДМ Бау АГ“, најмалку 7 милиони евра инвестиција и 200 нови работни места

Тој му порача на премиерот да се „опамети“, а истовремено и го посочи албанскиот јазик како автохтон на овие простори, за разлика од македонскиот, а за Албанците вели дека биле „камења што никнале, а не од некаде фрлени“, имплицирајќи дека Македонците се ова второто.

„Апел до Владата, до Христијан Мицкоски, точно е дека Уставниот суд не е во прашање, но ваша иницијатива е да се чепне албанскиот јазик. Опаметете се и не допирајте го албанскиот јазик, јазик кој, од археолошките извори и направените откритија, датира повеќе од 8 илјади години овде во оваа земја. И кога ќе поминете барем една седмина од овие 8 илјади години на овие краишта, тогаш можеме да зборуваме за албанскиот јазик. А заедно со овој јазик, во овие краишта, Албанците биле камења што никнале, а не од некаде фрлени. Направиле отпор со илјадници години и нема да ви пружаат отпор вас за овие 5-6 месеци владеење што ги правите или не знам на колку други влади ќе пружат отпор“, вели Села во реакцијата.

- Реклама -