Неженетите мажи, вработени во кинеска компанија, добиле како награда секс кукли наместо годишни парични бонуси.
На 24 јануари неименуван технолошки стартап имал годишна забава, а сликите на вработените со гумени кукли брзо се раширија на интернет, информира People’s Daily Online. Главниот извршен директор на компанијата Ванг Јожи изјавил дека сакал да им подари нешто иновативно на своите вработени што ќе го замени годишниот бонус, бидејќи тие се од помладата генерација.
Сликите се тотален хит на кинеската социјална мрежа Weibo и на кинеската апликација за разговор WeChat. Освен секс кукли, вработените добиле уште сос за готвење, сандали и чаши за традиционална кинеска масажа со оган.
Иновативните подароци се делат наместо традиционалниот паричен бонус на крајот на годината, кој обично во Кина варира помеѓу една и шест месечни плати.