Неописливо одврататните сексуални напади врз стотици жени во Келн, Хамбург и Штутгарт грубо го отстранија дотераниот лист на политички коректната чувствителност. Масовните “празнични” сексуални напади на ноќта наспроти Нова година, извршени од “млади мажи од арапско и северноафриканско потекло”, беа идентификувани од полицијата во Келн како “целосно нова димензија на криминалот”.
Дали е тоа навистина така? Колку шокантна, невидена и непредвидлива е случката во Германија?
Стотици мажи, формирани од длабоко религиозна и ретроградна патријархална култура во која жените се третирани како второкласни и се принудени да се покриваат со вреќи од црн полиестер (наречени “бурка” и “никаб”), завршуваат во либерална, отворена јавна средина во која атрактивни жени слават без да бидат загрижени дека нивното однесување ќе се протолкува како покана за брутално телесно насилство.
Овие стотици мажи се научени дека западните жени се инфериорни и “си го бараат”.
Леле, каков шок носи сознанието дека глетката на слободни, атрактивно облечени женки ќе го претвори стадото од сексуално оптоварени машки примероци во диви ѕверови. Какво изненадување раѓа заклучок дека за нив тоа е сосема прифатливо и бесплатно го возвишува празникот.
Глобалното ширење на приказната од Келн предизвика повеќенасочни реакции, мотивирани од претходно изградени идеолошки предрасуди. Од мултикултурните се слушнаа мазохистички повици за намалување на хистеријата, “тоа било нормално, да не правиме од мува слон” и сличен политички коректен нон-сенс.
Мувата сепак е слон. Огромен, агресивен исламизиран слон кој е во собата, а широките сегменти од општеството се прават дека го нема.
Културниот судир меѓу муслиманскиот концепт за полови односи и западниот цивилизациски модел не може да се игнорираат. Да погледнеме малку факти и бројки.
Во 2013-та “Атлантик” објави голем материјал за сеопфатните социолошки истражувања на Pew Research Center во муслиманскиот свет, кои опфатиле повеќе од 38 000 луѓе во 39 држави. Во фокусот на статијата беше односот кон жените.
Меѓу 80 и 90% проценти од анкетираните на Блискиот Исток и Северна Африка сметаат дека жената треба секогаш да му биде потчинета на мажот. Под 30% од испитаниците во земји како Ирак, Египет, Јордан и Пакистан се на мислење дека жената има право да се разведе со својот сопруг.
Помалку од една четвртина од анкетираните на Блискиот Исток и Северна Африка мислат дека синовите и ќерките заслужуваат еднакви наследни права.
Овие алармантни податоци го конципираат јавно прифатениот и институционализирани сексизам, кој е фундамент за голем дел од земјите со муслиманско мнозинство, а истражувањето дури и не вклучува радикални режими како Саудиска Арабија, каде што на жените им е забрането да возат и само пред неколку недели добија право да гласаат.
Кон овие статистики се додава информациона низа за епидемијата на убиства на честа, присилното обрежување и групни силувања во исламскиот свет плус варварските закони како оној според кој ако една девојка биде силувана, вината е нејзина и таа може да биде осудена на смрт.
Огромниот проблем е пренесен во Европа со растечките исламски енклави – врзани заедници во срцето на слободниот либерален свет, во кои фундаменталистичките патишта понекогаш се дури порадикални од оние во некои муслимански земји.
Со години во однадвор мултикултурниот, политички-коректен балон се тркала идејата дека Шведска веќе е “престолнина на силувањата во Западниот свет”. Институтот “Гејтстуон” ги анализира алармантните трендови поради драматичното зголемување на случаи на сексуално насилство во Нордиската држава со сторители од муслиманските заедници.
За последните неколку децении одбележани со драматична социјална трансформација, силувањата во Шведска скокнаа за 1,472 проценти. Денес Шведска е една од земјите со најголем број на сексуално насилство по глава на жител со 53,2 силувања на 100 000 луѓе. Во соседна Данска статистиката покажува 7,3 силувања на 100 000 луѓе.
Во 2002-та излегува информацијата дека 85% од осудените на најмалку две години затвор за силување се странци или втората генерација имигранти. Шведскиот национален совет за превенција на криминалот објави во анализа заклучок дека постои 23 пати поголема веројатност имигранти од северноафриканска земја како Алжир, Либија, Мароко и Тунис да извршат сексуално насилство отколку шведски мажи.
Групните силувања претставуваат најпознат загрижувачки тренд, осветлен и од она што се случи на Нова година во Келн.
Бројот на овој тип злосторства се зголемува драматично во Шведска меѓу 1995-та и 2006-та година. Во 2012-та 30-годишна жена е силувана од осум мажи од авганистанско потекло во засолниште за бегалци. Тогаш еден шведски обвинител го нарече злосторството “најстрашниот случај на силување во историјата на Шведска”.
Во 2014-та година на светло излегуваат потресни факти за организирана сексуална експлоатација на деца во Јужен Јоркшир, Англија. Во текот на 16 години над 1400 деца се систематски силувани од многубројна “секс банда”, составена главно од муслимани со пакистанско потекло .
Кривичната истрага покажува дека сторителите намерно виктимизирале бели девојки, бидејќи сметале дека тие се инфериорни.
Системската сексуална експлоатација во Англија се одвива помеѓу 1997-та и 2013-та година, но истрагите започнуваат срамежливо дури во 1999-та и повеќето од финалните извештаи остануваат скриени од јавноста во тоа време. Во 2010-а петмина мажи од пакистанско потекло се прогласени за виновни за серија сексуални напади врз девојчиња, од кои многумина на 12-годишна возраст.
Подоцна истрага на “Тајмс” открива дека секс експлоатацијата е многу раширена и полициските служби во Јужен Јоркшир се обвинети дека ужасно слабо и несоодветно се справуваат со ситуацијата и подоцнежниот скандал. Независното истражување во 2013-а го воспоставува целосниот неуспех на властите да делуваат ефикасно против монструозната секс група од муслимани, со тоа што во некои случаи официјалните власти дури негирале дека такво нешто воопшто се случува.
Тогаш, од страв да не бидат обвинети за расизам, органите на редот го игнорираат или директно прикриваат мноштвото сигнали за распоредување се експлоатација, вклучувајќи силување, киднапирање и трговија со млади девојки.
Дури членови на британско-пакистанската заедница ги осудуваат организираните силувања и фактот дека тие биле маскирани од страв “да не се даде кислород” на расизмот.
Звучи толку цинично колку што е
Многу луѓе и организации се уште се подготвени да ја манипулираат јавноста и намерно да ја потценуваат огромната опасност за девојките и жените во Европа, само за да не се нишка мултикултурниот брод. Тој сепак не се ниша, туку тоне.
Масовните сексуални напади во Келн и другите германски градови открија уште поголем проблем.
Веќе не можеме да дејствуваме како ноеви со главите во песок. Нема како да се смета за нормално отворањето на курсеви за муслимански мажи во Европа, каде што буквално ги учат како да не силуваат и во исто време да се тврди дека имигрантите од исламските земји не се никаква закана за слободниот свет.
Тие доаѓаат од држави во кои сексистичките доктрини на исламот не се реформирани. Милиони деца и жени се секојдневни жртви на сексуална репресија во исламскиот свет. Тоа е сосема реална и се поблиска нам “култура на силување”.