SEAT со целосна прегледност и при нулта видливост

3ffe8dee-ce67-4ce2-a771-3673782d6852_790[1]

Технологијата за комплетен преглед околу возилото не е новина на пазарот, но шпанската марка SEAT одбра атрактивен начин да ја претстави на својот прв SUV – Ateca. Компанијата организира настан на кој случајни минувачи имаа можност да го испробаат во целост предметниот систем.

Тој располага со неколку камери од сите страни на возилото, кои пренесуваат компјутерски генериран лик на екранот во внатрешноста. Резултатот е преглед како од птичја перспектива над автомобилот, што го олеснува маневрирањето на тесни простори. Во SEAT се горди на врвните способности на технологијата, а за оваа цел да ги потврдат нејзините вредности користеа целосно затемнети стакла – т.е. му овозможија на возачот да управува со автомобилот само преку сликата од камерите. Нешто налик на видео игра и мошне забавно! Случајните минувачи дефинитивно изгледа импресиониран од системот на SEAT.

- Реклама -