Seat Leon ќе добие систем 4×4

Seat ќе пушти модификација на Leon со погон на четири тркала. Тоа ќе биде верзијата караван која треба да дебитира пред публиката на салонот во Франкфурт, во септември. Веста ја соопшти шефот на одделот за истражување и развој на шпанскиот производител, Матијас Раби.

-Првично моделот ќе биде достапен само со управувач на десната страна, исклучиво наменет за пазарот во Велика Британија, истакна Раби. – Системот за погон на четири тркала нема да биде нов развој, ќе биде едноставно позајмен од седмата генерација на Volkswagen Golf.

751_Seat-Leon-470-1

Освен ова следи и еколошки опција, кој ќе биде изграден врз основа на агрегатите на Golf BlueMotion. Германскиот хечбек има 1.9 литарски турбодизел со моќност од 110 КЅ, гуми со намален отпор, start-stop систем за обновување на енергијата при сопирање, а се одликува и со поинаква суспензија и дополнителни аеродинамички елементи.

923_Seat-Leon-470-3

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -