Сѐ за женските гради

За многумина претставници на посилниот пол женските гради се најатрактивниот дел од женското тело, но истовремено се и од непроценливо значење за продуктивноста и поколението.

Токму затоа, градите во секоја земја се поврзани со различно табу. Некаде се мотив за нешто забрането, додека во други култури имаат сакрална смисла.

Деколте кое хипнотизира

Факт е дека градите имаат хипнотизирачко дејство врз мажите, а исто така неоспорен е и фактот дека жена топлес привлекува повеќе внимание од сосема гола жена. Од тие причини женските гради се сметаат за главен комерцијален фетиш. Со нив се продава буквално сѐ, од долна облека до автомобили. Визуелната перцепција на женските гради го стимулира секое машко суштество да се идентификува како потенцијален татко на жената во чии гради е загледан, сметаат дел од психолозите. Според статистиките на меѓународните истражувања 47% од мажите при првиот контакт со жена ги забележуваат нејзините гради додека, пак, процентот на мажи кои гледаат во нејзиното лице изнесува само 20.

361_breast

Повеќето жени имаат нееднаква форма на градите

Кај повеќето од жените, левата е поголема за разлика од десната града. Млечните жлезди можат да бидат симетрични меѓу 14 и 16 ден од циклусот, благодарение на лачењето на хормони за времето на овулацијата. За големината и формата на женските гради одговорен е наследниот ген.

Дали ги знаевте овие занимливости?

Миосотис Кларибел од Доминиканската Република официјално се смета за сопственичка на најголемите гради во светот. Секоја од градите и тежи по 18 килограми.

519x519

Кина го зазема првото место во светот по пластични операции за силиконски гради.

Во Саудиска Арабија законски е утврдено дека жена која се појавува со голи гради, дури и на плажа, може да се осуди на затворска казна до 6 месеци.

Јапонија е лидер во продажбата на градници со најмали размери.

Во лондонскиот научен музеј е пронајден градник стар 200 години, кој би можел да биде првиот пуш – ап градник во историјата на долната облека.

Во Нов Зеланд била организирана парада под името „boobs on bikes“ во која учествувале жени во топлес. Парадата била пофалена од властите дека не ги нарушува општествените норми.

boobs

Желба за поголеми гради

29 % од жените не се задоволни од формата на сопствените гради. 24% сметаат дека нивните гради се многу мали, при што поголем дел од нив се сингл.Како до поголеми гради е едно од клучните женски прашања. Поголем е бројот на жени кои се подготвени да ги зголемат градите по пат на пластична хирургија за разлика од 12% кои би се осудиле за намалување на градите. Операцијата за редукција, односно намалување на природната големина на градите во развиените земји чини околу 12.500 долари.

push-up-bra1

 

- Реклама -