Сè што е iPhone, не е iPhone

v216228[1]

Судот во Пекинг пресуди дека американскиот гигант Apple мора да го дели името iPhone со кинески производител на чанти и паричници.

Во образложението на пресудата е наведено дека американската компанија не успеала да докаже дека iPhone бил популарен во Кина во 2007 година, кога домашната компанија добила дозвола за работа.

Пресудата ѝ овозможи на компанијата Hintong Tiandi Technology да продолжи на своите чанти, паричници и друга кожна галантерија да го става името на популарниот телефон.

Кина е втор пазар по големина во светот после САД за компанијата Apple, иако продажбата лани опадна за 26 проценти.

Апликациите на Apple – iBooks и iTunes исто така се суспендирани во земјата, но менаџментот на компанијата најави дека тие многу брзо ќе бидат достапни за корисниците.

Apple ги пласира своите производи на кинескиот пазар во 2009 година, а тужбата е поднесена три години подоцна.

- Реклама -