Се појави YouTube вирус кој ја напаѓа CMOS батеријата

батеријаДеновиве на интернет се појави нов вирус кој директно го напаѓа срцето на секој компјутер, неговата CMOS батерија. Корисниците кои биле инфицирани со овој вирус приметиле дека видеата на овој сајт се прикажувале наопаку, пред батеријата да ја изгуби својата јачина во целост и да го згасне компјутерот.


Деновиве на интернет се појави нов вирус кој директно го напаѓа срцето на секој компјутер, неговата CMOS батерија. Корисниците кои биле инфицирани со овој вирус приметиле дека видеата на овој сајт се прикажувале наопаку, пред батеријата да ја изгуби својата јачина во целост и да го згасне компјутерот.

Приказ од видео на инфициран компјутер
toxic.png

Имено вирусот се шири преку видео спотот на Бритни Спирс – Токсик, кој се уште е хит и едно од најгледаните видеа на YouTube.

За да проверите дали и вашиот компјутер е инфициран, кликнете на овој линк. Доколку ги имате симптомите, ВЕДНАШ ИСКЛУЧЕТЕ ГО КОМПЈУТЕРОТ ОД ИНТЕРНЕТ и преземете ги најновите вирусни дефиниции.

Вирусот ја напаѓа CMOS батеријата по што компјутерот се исклучува
bat00966475.jpg

Засега, се уште не е познато како овој малициозен вирус навлегува во компјутерите. Најголемите 4 антивирусни компании Norton, Kaspersky, ESET и AVG изјавија дека работат на креирање на закрпа која ќе им овозможи на корисниците да ги зачуваат своите податоци и воедно CMOS батеријата.

Априлилили? Токму така 🙂

- Реклама -