Се појави и Mercedes-Benz S Coupe

Само неколку дена откако Mercedes-Benz ја претстави официјално новата S-класа во верзија седан, фото-шпионите успеале да ја „фатат“ на дело при првите тестови на варијантата со две врати.

Модификација Coupe се појави со „тешка“ камуфлажа на патеката во Нирбургринг, но сепак експертите успеаа да заклучат за што станува збор, а уметниците побрзаа да прикажат првиот рендер на моделот. Од шпионската фотографија се гледа дека дизајнот на купе верзијата е конзервативен, впечаток остава „по се изгледа“ поголемата маска, продолжен преден капак на моторот и побадемастите предни светла.

759_S-Class-Coupe-470-2

 

Задните странични линии на автомобилот непречено се спуштаат преку капакот на багажникот, што ја доловува купеовската линија. Очекувањата се дека токму овој автомобил ќе го замени досегашниот CL, а што се однесува до моторите, тие ќе се од седанот на S-класата.

489_S-Class-Coupe-470-1

Ќе потсетиме дека во оваа првична фаза, при лансирањто, тие се S 350 BlueTec (дизел V6 со зафатнина 3.0 литри и моќност 258 КЅ), S 400 Hybrid (бензински V6 со зафатнина од 3.5 литри и моќност 306 КЅ плус електромотор со моќност од 27 КЅ) и S 500, опремен со V8 со зафатнина од 4.7 литри и моќност 455 КЅ. Премиерата на S Coupe ќе се одржи во 2014 година, а тоа најверојатно тоа ќе се случи или на салонот во Женева или во Шангај.

839_S-Class-Coupe-470-3

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -