СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, имаме поповолни кредити и во овој момент, ова е политички кредит

ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски лажат, имаме поповолни кредити и во овој момент, со помала камата од договорениот во четири очи на Мицкоски во Будимпешта.

Ова е политички кредит.

Условите под кои се зема ова задолжување се далеку понеповолни, со камата повисока од најавената од 3,25% и сето тоа врз грбот на граѓаните.

Македонија е веќе корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по многу подобри услови и помала камата од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години.

Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации Мицкоски сака да земе кредит во четри очи?

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Задолжувањето на државата со нови 500 милиони евра од Унгарија, договрено во 4 очи, нема никаква врска со специјална економска соработка.  Кристално јасно е дека позади ваквиот дил се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

- Реклама -