СДСМ: Промените во СДСМ го забрзуваат напредокот, ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на одбрана на криминалот

СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова, дополнителна енергија за забрзување на напредокот, велат од владејачката партија, директно посочувајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ се случува токму спротивното.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на одбрана на криминалот, симбол на лажните вести и деструктивното однесување на штета на граѓаните и државата.

Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност.

Oбидите да се попречи правдата, да се закочат реформите, да се блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, се доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ, додавајќи дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нивната партија е препознаена како одговорна и државотворна партија која отвора шанса за младите.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

„СДСМ останува со граѓаните и продолжува да се менува во нивен интерес. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструктивната матрица и продолжува да делува по насоките од Будимпешта“, се вели во соопштението.

- Реклама -