СДСМ: Мицкоски не ја знае разликата меѓу училиште и урбана заедница, немаше гласање во училници

СДСМ демантира дека гласањето на вчерашните внатрепартиски избори за претседател на партијата се одвивало и во училишта.

„Во целосен очај, со ‘разнишана’ лидерска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен свесно да манипулира дека Општинската организација на СДСМ – Прилеп злоупотребила простории на училиште за внатрепартискиот изборен процес.

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, кој е во целосен распад, никој не нашол за сходно да го извести Мицкоски дека фотографијата на која се повикува, е направена во Домот на урбаната заедница ‘Тризла’, каде во една од просториите е поставена училишна табла и каде се одвиваше дел од вчерашното гласање“, реагираат од ОО СДСМ – Прилеп.

„Христијан Мицкоски не знае што е училиште а што Урбана заедница. Заглавен во белата палата како слуга на Груевски, тој воопшто не си ја познава сопствената земја“, обвинија од СДСМ.

„Чиста лага и незнање е тврдењето на Мицкоски. Не станува збор за училиште туку за простории на Урбана заедница, поточно Урбана заедница Тризла 1 во Прилеп.

Ниту едно од сите 237 избирачки места за директните внатрепартиски избори во СДСМ не беше во училиште и сите се со регуларни договори по сите прописи“, велат од партијата.

Прочитајте и:  Мицкоски за претресот во Академијата за судии и јавни обвинители: Има индиции за создавање центар на моќ во обвинителството и судството

Според нив, првите директни внатрепартиски избори во СДСМ се пример не само за највисок степен на демократија туку и за одлична организација и по сите стандарди за заштита на здравјето. Тие го повикуваат Мицкоски да учи од стапките на СДСМ.

„Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести каде ќе стигне, тој е познат извор на невистини. Ама Мицкоски има уплав од демократија, голем страв има од сопственото членство, од граѓаните, затоа три дена плаче. Не разбира Мицкоски што е демократија, напредок и одговорност, тој знае само да лаже и да брани криминалци.

Би го повикале Мицкоски да учи од овие чекори на СДСМ за врвна внатрепартиска демократија но нема капацитет ниту за тоа, очигледно е.

Ах Мицкоски, толку многу незнаење и лаги има во тебе што е срамота голема“, му порачаа од СДСМ на лидерот на најголемата опозициска партија.

- Реклама -