СДСМ: Државата и народот се најважни, парламентарното мнозинство е стабилно и нема да ја става државата во ризик

Парламентарното мнозинство е стабилно и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори и со тоа да ја стави државата во ризик, одговорија од СДСМ на денешниот повик од ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

„ВМРО-ДПМНЕ од час во час потврдуваат дека издиша нивниот балон од лаги дека имале ново парламентарно мнозинство.

СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата и нејзината иднина се многу поважни од желбата за власт на Мицкоски“, повторија уште еднаш од владејачката партија.

„На граѓаните им е потребна Влада која испорачува резултат, особено во време на пандемија и енергетска криза, Влада која има евроатлански курс на дејствување и која нема да го закочи евроинтегративниот процес.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Затоа, ова парламентарно мнозинство, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори.

СДСМ, коалицијата и граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да нѐ втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да нѐ внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“, порачаа  од Центарот за комуникации со јавност на СДСМ.

- Реклама -