Американскиот град реши да не дозволи нарушување на приватноста на граѓаните и гласаше против употреба на технологија за препознавање лица.
Таква технологија сакаше да користи сообраќајната полиција и надлежните за спроведување на законот. Меѓутоа, отсега па натаму, секој план за купување нова технологија за надзор ќе мора да биде одобрена од градската управа.
Противниците на одлуката тврдат дека со овој потег е загpoзена бeзбeднocта на луѓето и дека стапката на кpиминaл ќе се зголеми. Меѓутоа, противниците на новата технологија контра-аргументираат дека технологијата е полна со недостатоци, дека не може да ѝ се верува и дека непотребно ја нарушува приватноста и слободата на луѓето. Згора на тоа, тврдат, системот е склон на грешки, особено кога се работи за луѓе со „потемна боја на кожата“.
За разлика од Кина и Лондон, градските власти на Сан Франциско застанаа зад граѓаните, а тоа го радува и Мет Кејгл од Американското здружение за граѓански слободи во Северна Калифорнија.
„Со ваквото гласање Сан Франциско јасно покажа дека технологијата за препознавање лица е неспоива со демократијата и дека граѓаните заслужуваат да кажат што мислат околу ваквиот тип на надзор“, вели тој, заблагодарувајќи му на градот што ги слуша своите граѓани. Според Кејгл, одлуката на Сан Франциско треба да биде пример и за останатите и да биде земена во предвид кога во другите градови низ светот новата технологија ќе ги стави граѓанските права во позиција под знак прашање.
„Наместо забрана, одложување би било посоодветно“, вели Џоел Енгардило – потпретседател на организацијата „Стоп за кpиминaлoт во Сан Франциско. Тој се сложува дека технологијата има проблем во препознавањето на одредени лица и дека поради тоа не би требало да се користи. Но, смета, истата може да се усоврши и тогаш би била корисна за јавната бeзбeднocт, „ако со неа се работи правилно“. А како што веќе знаеме од безброј примери со сè што паднало во човечки раце, тоа е едно големо „АКО“.