Samsung подготвува верзија на Galaxy S IV со 16 MP камера

Компанијата Samsung подготвува нова верзија на Galaxy S IV, тврдат некои информации на вебсајтот Sammobile чии извори во повеќето случаи се веродостојни.

Главен акцент во новиот уред на Samsung ќе биде камерата. Таа ќе има 16 MP, што е со 3 MP повеќе од онаа во оригиналниот Galaxy S IV. Но тоа нема да биде единствената промена. Galaxy S IV Zoom би требало да има и оптички зум, што секако ќе се допадне на сите фотографи.

Што се однесува до останатите хардверски спецификации, според гласините уредот ќе има 4,3-инчен Super AMOLED дисплеј во резолуција 960 на 540 пиксели, 8 GB флеш простор и оперативен систем Android Jelly Bean.

Сеуште не се знае кога можеме да го очекуваме Samsung Galaxy S IV Zoom на пазарот, ниту каква ќе биде неговата цена.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -