Сакате долг живот? Баталете секс

Најефикасниот метод до долг и здрав живот е конечно откриен… Да му се плукнам и на живот и на се!

Резултатите од студијата во која беа анализирани преку 1000 видови на рептили на планетава се сосема јасни: без секс, без деца, со постојано јадење зеленчук и правење на минимум нешта – до подолг живот. Се чини дека животот во „бавната лента“ се исплати… за оние што сакаат неколку декади досаден, мизерен и осамен престој на светов.

Сексот му приредува стрес на телото, покажува анализата на 1014 видови на рептили, а секоја форма на стрес го скратува животот. Ако сте вегетаријанци, невработени или асексуалци, ова се добри вести. Ако сакате од време на време да вкусите хамбургер, оргазам или покачување – не баш.

turtleburger
Живеј бавно и исполнето… со зеленчук.

Осамениците (оние со малку пријатели, минимум социјален живот и многу малку од ич секс) обично живеат подолго, исто како и големите животни што живеат во студени средини – затоа што поминуваат повеќе време спиејќи.

„Се покажа дека рептилите кои порано достигнуваат сексуална зрелост имаат помали шанси да стигнат до старост“, вели професорот Шаи Меири. „Живеј брзо и умри млад, велат, ама живеј бавно и живеј долго“, објаснува Меири, онака лаички, како што ни објасниле старите.

Научниците предупредуваат дека сепак не мора да значи дека се што важи за рептилите важи и за луѓето, пред се затоа што тие мораат да ловат за месо, а ние имаме супермаркети. „Ако сте животно, ловењето за храна може да биде опасно. Ризикувате повреда, па дури и смрт. Токму затоа не можеме да ја примениме истата логика за луѓето“, вели Меири. „Да купите марула во маркет е исто толку ризично колку и одењето до одделот за месо“.

- Реклама -