САД и сојузниците тврдат дека Северна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување

Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради злонамерните активности на Северна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје.

Официјални лица и експерти од САД и сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг.

„Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетните програми“, се посочува во заедничката изјава.

Исто така се додава дека Вашингтон, Сеул и Токио се загрижени поради „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни кибер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност за враќање на севернокорејските работници на нивната територија.

МИА

- Реклама -