САД потрошиле 450 милиони долари за анулирање на руско влијание на Балканот, најмногу во БиХ и Македонија

Инспекторатот на Стејт департментот на САД објави извештај на Фондот за спротивставување на руското влијание (CRIF), во кој се наведува дека САД од 2017 година потрошиле повеќе од милијарда долари за финансирање невладини организации, медиуми, како и други организации и програми за анулирање на руското влијание.

Во извештајот, објавен на веб-страницата на Стејт департментот, се наведува дека најголемиот дел од тие средства – 621.5 милиони долари биле наменети за финансирање на организации и програми во Источна Европа, за земјите од Вишеградската група (В4), во кои спаѓаат Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, додека за балканските земји биле наменети 454 милиони долари.

Според податоците од Извештајот, за организации во Србија се издвоени 55.5 милиони долари, а за Косово 61.1 милиони долари.

Прочитајте и:  Дуда: Зеленото светло од САД за напади во внатрешноста на Русија може да биде одлучувачко за војната

САД дале нешто повеќе од 80 милиони долари за Босна и Херцеговина, 67.4 милиони долари за Македонија, 50 милиони долари за Црна Гора.

За Бугарија се издвоени 47.7 милиони долари, за Словенија 40.3 милиони долари, за Албанија 39 милиони долари, за Хрватска 11.4 милиони долари, а за Грција 0.7 милиони долари.

Програмите CRIF се дизајнирани „да ги постигнат целите на ‘Акт за спротивставување на влијанието на американските противници преку санкции’ и да обезбедат странска помош на земји кои се предмет на ‘влијание и агресија на Руската Федерација и немаат економски капацитет за ефикасен отпор’“.

Извор: МИА

- Реклама -