САД одобри нов пакет воена помош за Киев во вредност од 150 милиони долари

САД денеска одобрија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 150 милиони долари, кој вклучува противвоздушно и артилериско оружје и опрема, објави Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Русија започнала војна со Украина и може да ја прекине во секое време со повлекување на своите сили, но дека додека Москва не го стори тоа, САД и коалициските партнери ќе продолжат да му даваат помош на Киев.

САД досега ја испратија најголемата воена и финансиска помош за Украина, вредна речиси 44 милијарди долари, по инвазијата на Русија кон крајот на февруари 2022 година.

МИА

Прочитајте и:  Георгеску негира дека сака Романија да ги напушти НАТО и ЕУ: „Сакам да имаме став, а не таму да клечиме“
- Реклама -