САД најавија нови 800 милиони долари воена помош за Украинa, вклучително и борбени дронови и хеликоптери

Вашингтон, 16 април 2022 (МИА) – Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

„Тоа ќе бидат истите, но и нови потенцијали досега неиспорачани на Украина“, изјави портпаролот на Пентагон – Џон Кирби.

Меѓу досега неиспорачаната помош, најголеми парчиња ќе бидат советските хеликоптери Ми-17, што САД ги пренасочија од Авганистан во Украина. Таа ќе добие 11 такви хеликоптери. Потоа, малите дронови „Свичблејд“ познати и како „камикази дронови-убијци“, 300 парчиња. Тие дронови можат да уништуваат војници и возила.

И за првпат, Украина од САД ќе добие и хаубици што испалуваат артилириски проектили врз мети на голема далечина. Такви Киев ќе добие 18, заедно со 40.000 полнења муниција за нив. На листата се и крајбрежни морски дронови за одбрана од руските бродови на Црното Море, 200 оклопни транспортери, радари против артилериски оган AN/TPQ-36, како и заштитна опрема од биолошки, радиолошки и нуклеарни напади.

Прочитајте и:  Зеленски: Во секој руски дрон има 85 странски компоненти, вакви напади се можни само поради заобиколувањето на санкциите

Ќе се пополнат резервите со илјадници допoлнителни Javelin и Stinger, рачни ракетни фрлачи ефикасно употребувани од украинската армија за гаѓање на руски тенкови и оклопни возила.

- Реклама -