Home 365 Денес САД ја купи целата светска залиха на лекот Ремдесивир против Ковид-19

САД ја купи целата светска залиха на лекот Ремдесивир против Ковид-19

0
САД ја купи целата светска залиха на лекот Ремдесивир против Ковид-19

САД ја откупи речиси целата залиха за следните три месеци на еден од двата докажани лекови против Ковид-19, не оставајќи ништо за Велика Британија, Европа или остатокот од светот, пишува The Guardian.

Remdesivir е првиот лек одобрен од американските регулатори за третман на Ковид-19, откако се покажа дека пациентите од Ковид-19 кои ја добиваат оваа терапија побрзо оздравуваат од болеста. Го произведува американската биофармацевтска компанија Gilead Sciences. Првите 140 илјади дози кои беа поделени за клинички испитувања ширум светот, веќе се искористени. САД сега купи повеќе од 500.000 (половина милион) дози, што е целата произведена количина за јули и 90% од количината за август и септември.

Експертите се загрижени не само поради „унилатералната“ псотапка на САД, туку и за пошироките понатамошни импликации што таа би ги имала во светот, на пример кога би станала достапна вакцина против коронавирусот SARS-CoV-2.

Меѓутоа, администрацијата на Трамп веќе покажа дека е подготвена да ги наддава, но и да ги надитри сите други земји со цел да обезбеди медицински ресурси за потребите на САД, констатира „Гардијан“.

Во САД, очекувано, зделката се презентира како одличен потег.

„Претседателот Трамп постигна одлична зделка за да се осигура дека Американците ќе имаат пристап до првата одобрена терапија за Ковид-19. Колку што е можно, сакаме да се осигураме дека секој американски пациент кој има потреба од ремдесивир, ќе може да го добие. Администрацијата на Трамп прави сѐ во наша моќ да научи повеќе за спасоносните терапии за Ковид-19 и да обезбеди пристап до овие опции за американскиот народ“, изјави Алекс Азар, секретар за здравствени услуги.

Лекот ремдесивир беше тестиран за време на епидемијата на ебола, но не го покажа очекуваниот ефект. Под патент е на Gilead, што значи дека ниту една друга фармацевтска компанија во богатите земји не може да го произведува. Пред два дена, компанијата соопшти дека одредила фиксна цена за лекот по која ќе им го продава на богатите држави; 390 долари по доза, односно 2.340 долари по пациент за шест дози, колку што во просек се потребни.

Зделката на САД доаѓа во момент кога станува јасно дека пандемијата во земјата излегува вон контрола. Меѓутоа, не е само реакција или изолирана стратегија. Напротив, САД во целиот тек на пандемијата се држи до пристапот „Америка прва“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here