САД ѝ испорачале повеќе од 85 хаубици и муниција на Украина

Вашингтон, 9 мај 2022 (МИА) – САД ѝ доставија на Украина повеќе од 85 хаубици, и од 110.000 до 184.000 парчиња муниција за нив, изјави неименуван висок претставник на Пентагон.

Тој исто така наведе дека повеќе од 310 украински војници ја завршиле обуката, додека уште 50 во моментов се обучуваат и дека денеска почнува новиот двонеделен курс за одржување на хаубици.

„Најмалку 13 испораки од седум различни земји пристигнаа на различни локации во регионот, а пакетите вклучуваат пушки, резервни делови, возила Хамви, генератори и неколку дополнителни хаубици“, истакна претставникот на Пентагон.

Прочитајте и:  Стано: Што и да изјави Путин тоа нема да го промени ставот на ЕУ за поддршка на Украина
- Реклама -