САД: Имаме докази дека Русија ќе исценира украински напад врз Русите за да оправда инвазија

Вашингтон, 3 февруари 2022 (МИА) – Пентагон денеска соопшти дека има докази за план на Москва да сними лажен украински напад врз Русите, за да го оправда вистинскиот напад врз поранешната советска република.

„Имаме информации дека Русите веројатно ќе сакаат да измислат изговор за инвазија“, изјави портпаролот на Пентагон – Џон Кирби.

„Веруваме дека Русија ќе создаде многу живописно пропагандно видео кое ќе вклучува трупови и актери кои прикажуваат ожалостени и слики од руинирани места, со цел да ја оправда инвазијата на Украина“, истакна Кирби пред новинарите.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна
- Реклама -