САД го задолжи Volkswagen да направи четири електромобили

Властите на Калифорнија ќе го поддржат концернот Volkswagen да развие и да понуди на локалниот пазар барем четири модели со целосно електрични енергетски агрегати.

Ова барање е дел од договорот за регулирање на последиците од скандалот со манипулациите со дизел моторите на германскиот производител. Тој е склучен меѓу раководството на концернот и Советот за заштита на животната средина на Калифорнија (CARB). Како што е познато, Volkswagen беше обвинет од Агенцијата за животна средина во САД (EPA) дека користел нередовна програмска опрема не само во автомобили со дизел мотори со 4, но и на оние со шест цилиндри. Тие се вградувани во модели на Volkswagen, Audi и Porsche, од кои 80.000 се продадени во САД, а 10.000 од нив се пласирани токму во Калифорнија.

– Во рамките на договорот автомобилскиот производител е должен до 2019 година да почне да продава во Калифорнија миниум три електрични модели, вклучувајки еден кросовер. Година подоцна Volkswagen треба да предложи на локалниот пазар уште еден кросовер, а продажба на овие автомобили треба да продолжи барем до 2026 година, се вели во пораката на CARB.

Покрај тоа до средината на 2017 година Volkswagen ќе треба да исплати на државата Калифорнија 25 милиони долари, кои ќе бидат наменети за обнова на флотата и за создавање на инфраструктура за „зелени“ автомобили.

Автоплус

- Реклама -