САД ги отфрлија како „пропаганда на Кремљ“ тврдењата на Русија за украинска поврзаност со терористичкиот напад во Москва

Белата куќа денеска ги отфрли руските тврдења дека пукањето во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, во кое загинаа 137 лица, е поврзано со Украина, објавија британските медиуми.

-Тоа нема никаква врска со Украина… Ова е само дополнителна пропаганда на Кремљ, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби на прес-конференција.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -