САД: Фотографиите со заробените Палестинци во Газа се „длабоко вознемирувачки“

САД изразија загриженост поради фотографиите што покажуваат групи на заробени и полуголи Палестинци кои клечат на земја или се превезуваат во камиони.

Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, овие слики ги нарече „длабоко вознемирувачки“.

-Гледаме на овие слики како длабоко вознемирувачки, и бараме повеќе информација како за природата на овие слики, така и за тоа зошто се појавиле во јавноста, рече Милер.

Истакна дека САД секогаш биле јасни со Израел за неопходноста да се дејствува согласно меѓународното хуманитарно право.

-Тие права ги штитат цивилите, а задржаните лица треба да се третираат хумано и со достоинство, изјави Милер.

Фотографиите беа објавени викендов од медиумите во Израел. Некои медиуми укажуваа дека тоа се членови на Хамас кои се предале на израелските сили за одбрана. Хамас ги негираше тврдењата за такви предавања во Џабалија, северниот дел од појасот Газа.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -