Сабаленка триумфираше во Бризбејн

Арина Сабаленка ја започна новата сезона со триумф на турнирот во Бризбејн.

Белоруската тенисерка освои уверлива победа во финалето против Марта Костјук, со резултат 2:0 (6:4, 6:3).

Оваа победа претставува нејзина 22-ра титула во кариерата и прва откако ја освои Отвореното првенство на САД во 2025 година. Исто така, ова е нејзина шеста титула во рамките на турнирите од Серијата 500.

Сабаленка започна со убедливи 3:0 во двата сета, што веднаш наметна контрола над натпреварот и покажа дека без многу потешкотии ќе го освои купот во Бризбејн.

Следен предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што успеа да освои два трофеи во изминативе три години. Минатата година, таа беше поразена во финалето од Медисон Кис.

Foto/ EPA