Руте: Холандија не е подготвена да се откаже од руските извори на енергија

Холандскиот премиер е препознатлив по тоа што често користи велосипед, впрочем како што е препознатлива и Холандија

„Холандија сè уште не е подготвена да се откаже од нафтата и гасот од Русија, но ќе работи на транзицијата на земјата кон зелена економија“, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

„Денеска треба да разговараме и за нашата ранливост во однос на зависност од руските испораки на нафта и гас. Не би повикал да се откажеме од нив, ни требаат, ова е непријатна вистина, но можеме да направиме повеќе за да постигнеме напредок за еколошката програма и намалувањето на емисиите на јаглерод што ги произведува нашата економија“, посочи Руте.

Тој претходно изјави дека холандската Влада сè уште размислува за мерки за минимизирање на последиците за граѓаните од значителниот пораст на цените на енергијата и горивата поради војната во Украина.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

„Но, практично е незамисливо да се спречи опаѓање на куповната моќ на домаќинствата оваа година, да се дадат гаранции би било илузорно“, рече Руте.

МИА

- Реклама -