Руските сили во Калининград вежбаат симулирани нуклеарни ракетни напади

Москва, 5 мај 2022 (МИА) – Руското Министерство за одбрана денеска објави дека нејзините сили вежбаат симулирани нуклеарни ракетни напади во Калининград, западна енклава лоцирана меѓу Полска и Литванија.

Според соопштението, се практикувале симулирани „електронски лансирања“ на мобилните балистички ракетни системи Искандер.

Руските сили практикуваа поединечни и повеќекратни напади врз замислени цели – лансери на ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и непријателски командни пунктови. Исто така бил извршен маневар за промена на позицијата за да се избегне можна одмазда. Борбените единици вежбаа и „акции во услови на радијација и хемиска контаминација“.

Во воената вежба учествуваа повеќе од сто војници.

Русија ги стави своите нуклеарни сили во состојба на висока борбена готовност веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на специјалната воена операција во Украина на 24 февруари.

Прочитајте и:  Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки
- Реклама -