Руската ЦИК ги објави конечните резултати од претседателските избори

Централната изборна комисија на Русија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори, кои ја потврдија убедливата победа на Владимир Путин, пренесуваат француските медиуми.

-Претседателот Путин доби 87,28 отсто од гласовите, изјави на прес-конференција Ела Памфилова, претседателка на Централната изборна комисија.

На изборите, кои се одржаа од 15 до 17 март, забележана е излезност од 77,49 отсто, соопшти ЦИК на Русија.

-Ова се историски избори, рече Памфилова, истакнувајќи дека секој гласач го дал „својот придонес во зајакнувањето на Русија“.

Притоа, претседателката на ЦИК истакна дека изборите биле спроведени одговорно, посочувајќи дека до ЦИК пристигнале само „459 пријави за прекршоци“.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -