Русите не сакаат четиридневна работна недела

Русите категорично ја отфрлаат идејата на рускиот премиер Дмитриј Медведев за воведување на 4-дневна работна недела. Речиси половина од жителите се против иницијативата, покажува неодамнешно истражување на јавното мислење во Русија.

Само речиси 29% ја одобруваат предложената промена, а 17% немаат мислење.

Најмногу противници на иницијативата има во малите градови, како и меѓу граѓаните во пензија. Скратувањето на работната недела позитивно го оценуваат главно жителите на големите градови и анкетираните до 34 години.

Како главна причина за одбивање на иницијативата, кај дури 89% од анкетираните, се јавува стравувањето дека намалувањето на бројот на работните денови ќе доведе до намалување на платите/пензиите. Истовремено, дел од Русите сметаат дека продолжениот викенд дополнително би ги зголемил трошоците – за посета на ресторани, шопинг, излети и слично.

Сепак, 42% од испитаниците сметаат дека скратувањето на работната недела позитивно ќе влијае на нивното здравје, ќе им го продолжи животниот век и ќе им овозможи целисходен одмор и релаксација.

Но тоа не го менува генералниот став на јавноста, се сложуваат експертите – идејата за 4-дневна работна недела засега ги плaши, наместо да ги охрабрува Русите, посочуваат тие.

Медведев ја предложи идејата на 11 јуни, на Меѓународната конференција на трудот. Според него, технолошкиот напредок во блиска иднина ќе доведе до скратување на работниот процес. Освен тоа, констатира тој, постојаниот стремеж кон професионален успех води до системски замор и хроничен стpeс.

- Реклама -