Русите ќе го „национализираат“ украинскиот имот во окупираната област Запорожје

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Москва, 2 јуни 2022 (МИА) – Властите на украинскиот регион Запорожје, кој е под руска контрола, соопштија дека имотот и ресурсите на украинската држава ќе бидат „национализирани“, пренесе Би-Би-Си.

Андреј Трофимов, заменик-шеф на администрацијата наметната од Москва, рече дека е потпишан декрет за национализација на украинскиот имот.

Агенцијата „Интерфакс“ го цитира Трофимов кој рекол дека национализацијата ќе се однесува на земјиштето, природните ресурси, објектите во стратешките сектори на економијата, како и имотот во сопственост на Украина од 24 февруари – денот кога Русија ја почна својата инвазија на земјата.

„Уредбата беше потпишана со цел да се задоволат државните потреби поврзани со подобрувањето на севкупната ефикасност и социјалната ориентација на економијата, како и за зачувување на националното наследство за жителите на регионот Запорожје“, рече тој.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион

Би-Би-Си претходно јави дека украинските власти би можеле да ја исклучат нуклеарната централа во Запорожје доколку Киев ја загуби контролата врз нејзината работа.

- Реклама -