Москва си ја присвои нуклеарната централа Запорожје: Енергијата ќе оди за Русија, а за Украина – ако плати!

Москва, 18 мај 2022 (МИА) – Најголемата нуклеарна електрана во Европа, украинската Запорожје, ќе ја снабдува со енергија Русија, но и Украина, ако официјален Киев плати за тоа.

Ова денеска го изјави рускиот заменик премиер Марат Хуснулин, пренесува руската новинска агенција РИА.

„Русија ќе ја финансира обновата на териториите во Украина над кои презеде контрола и ќе ги поправи патиштата што ги поврзуваат тие области со Русија“, изјави тој.

Според Хуснулин, Русија ги „ослободила“ тие територии.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји
- Реклама -