Руските војници уништиле украински баталјон во чиј состав имало македонски и словенечки тенкови, објави руската новинска агенција РИА, која дошла до ексклузивни снимки од уништената опрема непосредно по битката.
Како што наведува агенцијата, уништен е првиот механизиран баталјон на 28-та механизирана бригада на украинската војска, кај Криворож, заедно со тенковите Т-72 доставени во рамки на програмата за помош од земјите на НАТО. На снимките се гледаат и запалени самоодни хаубици МТЛБ и борбени извидувачки возила БРДМ.