Рускиот претседател Владимир Путин, по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот, истакна дека Русија категорички се спротивставува на заборавање на нацистичките злосторства и спроведува политика што обезбедува да не се повторат такви злосторствата.
„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од таков тип, што не застаруваат“, наведе Путин.
Тој додаде дека Москва води таква политика што гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.
На 27 јануари 1945 година советската армија го ослободи концентрациониот логор Аушвиц, во кој беа убиени 1.1 милиони луѓе. Секој 27 јануари се одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.
МИА