Русија до САД и Западот: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина од сега ги третираме како легитимни цели

Москва, 12 март 2022 (МИА) – Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции.

„Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи – Сергеј Рјабков.

„Во Украина нема консултации, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели“, изјави Рјабков.

Истовремено Си-Ен-Ен, повикувајќи се на РИА Новости, јави дека Рјабков рекол оти Русија е подготвена повторно да соработува со САД за безбедносни прашања и Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ).

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

„Ако Американците се подготвени за ова, ние, се разбира, ќе можеме да го продолжиме дијалогот и сме решени да го сториме тоа, како и да работиме на СТАРТ, каде што има и одредена пауза“, рекол Рјабков.

„Сѐ зависи од Вашингтон“, додал тој.

- Реклама -