Русија предупредува на „катастрофални последици“ по одлуката на Бајден да дозволи напади со ракети длабоко на руска територија

Одлуката на претседателот на САД, Џо Бајден, да ѝ дозволи на Украина да напаѓа цели длабоко во територијата на Русија со ракети со долг дострел предизвика остра реакција од руската страна, јави Би-Би-Си.

„Американскиот претседател во заминување донесе една од најпровокативните и најризични одлуки на својата администрација, со потенцијал за катастрофални последици,“ оцени рускиот провладин весник Росискаја Газета.

Руските официјални лица остро го осудија потегот. Пратеникот Леонид Слуцки предупреди на „сериозна ескалација со опасни последици,“ додека сенаторот Владимир Џабаров го нарече потегот „преседан кој води кон Трета светска војна“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека ако оваа одлука е потврдена, тоа претставува „нова спирала на тензии“ и нова етапа на американско вклучување во конфликтот.

Прочитајте и:  Зеленски: Нападите не се вршат со зборови, ракетите ќе зборуваат сами за себе

Кремљ претходно предупреди дека дозволувањето на Украина да користи ракети со долг дострел за напади на руска територија ќе се смета за директно вклучување на НАТО во војната, со можни промени во руската нуклеарна доктрина.

- Реклама -