Русија може да ги уништи САД со еден потег

Доколку лошите односи меѓу Русија и САД доведат до евентуална војна, Русија има многу силен ас во ракавот.

Барем така тврди Константин Сивков, воен аналитичар и претседател на Академијата за геополитички проблеми, сместена во Москва. Според него, Русија може тотално да ги уништи САД со само еден потег. Само еден помал нуклеарен удар е доволен да го погоди националниот парк Јелоустоун, кој лежи над супер-вулкан, за да се предизвика разорна ерупција со огромна моќ. „Како резултат на таквата ерупција, САД би престанале да постојат“, вели Сивков.

Се разбира, последиците ќе бидат катастрофални и за најголемиот дел од остатокот на планетата, и секако, за целата човекова цивилизација. Сепак, Русија би страдала најмалку, заради нејзината одалеченост. Во секој случај, аналитичарот предупредува дека САД мораат да ја имаат на ум таквата опасност и дека треба да ја запрат секоја помисла на било каква агресија кон Русија.

Сивков наведува дека САД имаат и други слаби точки, и дека нивното уништување би можело да се оствари и преку предизвикување на цунами или поставување на експлозиви по должината на Сан Андреас, кој лежи помеѓу Северноамериканската и Пацифичката тектонска плоча.

- Реклама -