Русија контра ОН: Нема да дозволиме непречен премин на бродови со жито

Њујорк, 31 октомври 2022 (МИА) – Русија нема да дозволи понатамошен извоз преку Црното Море по нејзината најавена суспензија на договорот за жито со Украина.

Договорот „не треба да се спроведува без нас“ изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во во Њујорк.

„Не можеме да дозволиме непречен премин на пловни објекти без наша инспекција“, рече Небензија, пренесува ДПА.

Реакцијата на Русија доаѓа откако ОН изнесе став дека извозот на жито може да продолжи и договорот останува во сила.

Во саботата, Русија го суспендираше договорот, постигнат со посредство на Турција и ОН. Москва како причина ги наведе нападите со беспилотни летала на Киев врз нејзината Црноморска флота.

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО

Претходно денеска Кремљ оцени дека за Украина „би било ризично“ да продолжи да извезува жито преку Црното Море.

- Реклама -