Според пишувањата на медиумите од Англија, Вејн Руни сака да стави потпис на нов договор со ’Црвените Ѓаволи’.
Во последно време често се пишува за иднината на англискиот репрезентативец, се шпекулира дека напаѓачот ќе се пресели во ПСЖ.
Поранешниот советник на ’Светците’, Мишел Мулин изминатиов викенд истакна дека извори блиску до ПСЖ му потврдиле дека е договорен трансферот на Вејн Руни на Паркот на Принцовите.
Но според медиумите од ’Островот’, нема вистина во ваквите најави.
Извештаите на весниците од Англија велат дека Руни на своите пријатели им соопштил дека нема намера да замине од Олд Трафорд.
Напаѓачот, кој е обврзан кон Манчестер Јунајтед до 2015, исто така планира да го обнови договорот со ’Црвените Ѓаволи’.
Се говори дека лидерите на Манчестер Јунајтед се отворени за продолжување на верноста на Руни, но фудбалерот ќе треба да прифати помала плата од сегашните 200 000 фунти неделно.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.