Роси: Можно е да не стартувам во Валенсија

По немилиот настан кој се случи вчера на трката во Сепанг, Малезија, најтрофејниот и сигурно најдобриот Мото ГП возач на сите времиња, Валентино Роси беше казнет со тоа што на наредната трка би требал да стартува од последното место.
Имајќи ја предвид состојбата на табелата, стартната позиција, како и фактот дека трката ќе се вози на шпанско тло, Роси размислува и воопшто да не учествува во Валенсија.

valentino-rossi-04-yamaha-motogp-jerez-3

Можно е воопшто да не стартувам во Валенсија, казната не е фер. Не сакав Маркез да падне, само сакав да го изнервирам и да му возвратам на сличен начин.

- Реклама -