Откако сите мислевме дека „магионичарот“ веќе размислува за пензија, пристигнува вест од неговиот агент дека тој најверојатно ќе се врати да игра во Европа.
Тој вели дека постојат неколку заинтересирани тимови, меѓу кои најсериозен кандидат е швајцарски Сион, а друга опција се неколку клубови од Блискиот Исток.
Роналдињо има 35 години и е на залезот на својата кариера, но има многу тимови кои и тоа како би сакале да го имаат во нивните редови.
Тој во Европа играше за Пари Сен Жермен, Барселона и Милан, а најголема трага остави во дресот на Каталонците. На 207 натпревари постигна 94 погодоци. За Бразил одигра на 97 меча, а погодуваше 33 пати.
Мало потсетување на неговите најславни денови…