Ројтерс: Рускиот авион не бил соборен, а пилотот не барал помош

Рускиот авион што се урна во саботата во Египет, не бил соборен однадвор, а пилотот не дал сигнал за помош пред машината да исчезне од радарот.

avion

Ова го изјави извор од комисијата која е задолжена со анализа на записите од црните кутии, пренесе Reuters.

Изворот одби да даде повеќе детали, но изјави дека неговото тврдење се базира на првиот преглед на записите од црните кутии.

Од друга страна, Руската авиокомпанија “Когалимавиа” смета дека несреќата на авионот А321 во Египет е резултат на надворешно влијание, одбивајќи ја секоја можност за технички пропуст од нивна страна.

Од компанијата истакнаа дека авионот не може да се распадне во воздухот како последица на откажување на било кој од системите. Групата изрази мислење дека авионот добил конструктивни оштетувања пред несреќата. Претставник на компанијата додаде дека на 26 октомври двата мотора на авионот поминале успешно бароскопичен тест, за време на кој не биле откриени никакви проблеми.

Компанијата ја исклучи и можноста во основата на инцидентот да стои човечки фактор.

- Реклама -