Ријана доби серија негативни критики од новинарите кои присуствуваа на авионот за нејзината 777 Tour и ги следеа нејзините настапи во Мексико Сити, Торонто, Стокхолм, Парис, Берлин и Лондон пред последниот концерт во Њујорк во вторник.
Пејачката не била достапна за новинарите од минатиот четврток кога им се придружила на патниците во одделот за багаж на аеродром во Канада. Критиците се пожалиле за нејзината непристапност и одржале мал мирен протест во понеделникот, но тие посочиле и на неверојатно долгото чекање за качување во авионот, проверките на царина, изборот на храна и пијалаци и недостигот на сон поради густиот распоред.
Еден од новинарите, создал постер за „исчезната личност“ со фотографија на пејачката. Кога Ријана им се придружила на новинарите во вторникот, таа одговорила на дел од поплаките. „Знам дека не добивте многу информации. Но морав да бидам добра. Невозможно е да зборувам со сите и жал ми е што немав шанса. Но сево ова беше одлично и дефинитивно би го направила пак.“
Ријана додала дека кога била во авионот таа одмарала. „Не можев да одморам. Можев да спијам само кога бев на авионот.“ Таа мисли дека турнејата била добра и дека повторно би одржала слична турнеја. „Следниот пат истово ќе го направам со повеќе луѓе, во повеќе градови и ќе поминам повеќе време со фановите.“
„Морав да внимавам на моето здравје. Нормално, ќе се забавував со вас но морав да внимавам на мојот глас. Бев загрижена за моето тело па морав да спијам кога можам. Се надевам дека и вие се забавувате колку и јас.“